Рефлексија на искуството до сега: тим Нешто Нетипично

На младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019„ нашиот тим Нешто нетипично го освои почесното трето место. Така ние добивме уште простор да го развиваме Walkiie како концепт и како апликација. Она што на сите ни е познато е тоа што се случи со вирусот КОВИД – 19, па затоа ние имавме мала можност да ја тестираме додека бевме на кампување. “Кампуваме заедно” беше огранизирано од Центар за младински активизам КРИК кој ни овозможи со присутните членови во кој кампува и лица со попреченост и лица со типичен развој да ја тестираме.  Добивме неколку пофалби, критики и предлози како да ја подобриме апликацијата. Бидејќи немавме друг начин пак да ја тестираме, наместо тоа осмисливме друг концепт – онлајн работилници на кои лицата со попреченост се запознаваат со волонтерите, се со цел да стекнат поголема доверба и поддршка меѓу себе, за подоцна кога Walkiie ќе функционира според својата прва замисла, тие веќе се познаваат и си веруваат.

Во оваа фаза од ние можеме да кажеме дека сме многу горди на нашите успеси, а особено на тоа дека добивме почесно признание од претседателот на Северна Македонија Н.Е Стево Пендаровски, кој ни посака многу успех понатаму во нашата работа. Особено сме среќни за онлајн работилниците кои ги имаме, каде што видовме многу нови млади лица, каде што попреченоста не претставуваше никаков проблем, но и на последните две работилници каде за прв пат се видовме во живо, почитувајќи ги сите мерки.

Ние едвај чекаме да се опоравиме од вирусот, за потоа да продолжиме со нашите активности, бидејќи така ни е на сите најубаво и кога сме заедно сме посреќни. До тогаш може да не следите на нашите социјални мрежи, а доколку сакате да се вклучите како волонтер или корисник може да не контактирате, ние со радост ќе ви одговориме, бидејќи заедно сме повеќе, заедно сме посилни!

Read More
GenUnlimited октомври 12, 2020 0 Коментари

Рефлексија на искуството до сега: тим “Bionic”

Здраво, ние сме eBionics, еден од тимовите – победници на Generation Unlimited младинскиот предизвик. Можеби имате слушнато за нас и за нашиот продукт – 3Д печатена бионичка рака, па додека ние работиме на ново подобрување на бионичката рака, би сакале да направиме кратка рефлексија на нашето искуство досега! Приказната на eBionics започна во декември минатата година, пред првата работилница на предизвикот. За нас беше многу важно тимот да биде составен од членови кои меѓусебно се познаваат и имаат комуникација и надвор од училиште, а исто така и секој член однапред да ја знае својата задача. Тоа беше и главна причина што дојдовме до нашата идеја. Нашата цел на работилницата беше да ги убедиме сите дека идејата нема да остане само на тоа, туку дека ние ќе ја направиме реалност, што и навистина се случи во тие 3 дена. Иако во оваа фаза беше потребна само идејата, ние сакавме да го покажеме потенцијалот на овој проект уште од почетокот.

 

Во еден момент, тензијата и нервозата при работата се претворија во задоволство и изненаденост – дури и од наша страна. Очекувано, прототипот беше далеку од тоа што го имаме денес, но најважно беше да покажеме дека замислата на дело навистина работи. Во овие 9 месеци, успеавме да направиме нова верзија и ја зголемивме функционалноста на бионичката рака иако го скративме процесот на склопување од 7 часа на само 1 час. Имаме и наша веб-страна, на која што можат да се пронајдат сите информации потребни за секој, секаде да може да ја склопи нашата бионичка рака, како и профили на социјалните мрежи, каде што секогаш ги објавуваме најинтересните моменти од нашата работа. Моментално, работиме на уште една верзија на раката, за која очекуваме дека ќе функционира уште посоцистифирано, а корисниците веднаш би се навикнале на неа. Би ви препорачале да не следите на Фејзбук и Инстаграм, како и да се приклучите на нашата Фејзбук заедница – таму со сигурност ќе ги добиете сите новости поврзани со нашето искуство и работа, чиј дел сте и самите вие!

Read More
GenUnlimited октомври 7, 2020 0 Коментари