
Решение
Паметна инвалидска количка, која се управува со контрола на очите и има сензори за следење на физичката состојба на корисникот, како и сензори за детектирање предмети.
Целна група
Лица со физички попречености кои користат инвалидска количка и не можат да ги движат своите екстремитети
Проблем
Несамостојно и небезбедно движење на лицата во инвалидска количка низ просторот.
Идеја
Паметна инвалидска количка која со помош на чип ќе обезбеди неколку функционалности. За безбедно и самостојно движење на лицето кое ја користи количката, таа е прилагодена да се движи преку примање на наредба: движење на окото на корисникот кое ја определува насоката на движењето на количката. Преку препознавање на рожницата на окото, паметната количка се навигира и движи според желбите на корисникот. Паметната количка со дополнителниот вграден чип ја мониторира состојбата на корисникот активно мерејќи ги релевантните здравствени податоци и ја забележува емоционалната состојба.
Членови
- Давид Лазароски
- Мартин Динев
- Благојче Павлески
- Вероника Љоровска – дополнителен член за поддршка
Ментор
- Марија Велиновска Велковска
Технички ментори
- Вања Штркова
- Стеван Костоски



