Приказната продолжува: нови чекори за победничките тимови на Младинскиот предизвик 2019/20
Тимовите “Bionic”, “Mind Benders” и третиот, почесен тим “Нешто Нетипично” кои освоија дополнителна финансиска поддршка од локалните организатори на предизвикот за млади “Генерација без граници”, продолжуваат да работат на нивните иновативни решенија за дигитална инклузија на децата и младите со попреченост во образованието и општествените активности.
Победниците на локалниот натпревар ги надградуваат нивните проекти со поддршка од експерт консултанти од повеќе области за да обезбедат постојан и одржлив развој. Тимот “Нешто Нетипично”, со цел адаптирање на новите услови ги започна подготовките за ставање во функција на нова платформа во поддршка на нивната мобилна апликација “Walkiie”. Преку оваа платформа, родителите заедно со децата и младите со попреченост ќе можат да учествуваат во креативни работилници со волонтери, според претходно-определна агенда и временски термини. Ваквите групни он-лајн активности прилагодени за домашни услови даваат можност за креативно изразување, стекнување нови вештини и нови пријатели!
Првите чекори кон усовршување на нивното решение ги направија и тимот “Bionic” кои покрај подготовката на нова верзија од 3Д печатената рачна протеза, посветено работат на креирање на одржлив модел на нивниот проект и планирање на долгорочните цели.
Тимот зад решението “Digital Menu”, мобилна апликација која нуди прилагоден, инклузивен пристап до дигитализирани менија на локалните угостителски објекти, тимот “Mind Benders” работи на унапредување на функционалностите на апликацијата, но и лансирање на он-лајн веб решение за крајните корисници од угостителскиот сектор, со цел ефективно одржување на постојните и идни бази.
Бидете дел од активностите кои следат и поддржете ги младинските иницијативи!
Следете ги победничките тимови на нивните социјални медиуми на следните линкови:
Тим “Нешто Нетипично”:
Тим “Bionic”:
Тим “Mind Benders”:
Generation Unlimited – Младинскиот предизвик 2019/20 е организиран од страна на УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонија, имплементиран е од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје и е локално поддржан од Сојузот на извидници на Македонија.