Рефлексија на искуството до сега: тим Нешто Нетипично
На младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019„ нашиот тим Нешто...
Gen Unlimited 2.0
Како може дигиталната технологија да придонесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот?
Важна напомена: Тимовите кои аплицираат треба да вклучуваат и барем еден член кој е лице со попреченост. Овие тимови ќе имаат предност во процесот на селекција. Апликации на тимови кои не вклучуваат и лица со попреченост ќе бидат земени во предвид само ако демонстрираат како предложеното решение низ тесна соработка ќе биде проверено или развиено заедно со лица со попреченост или организации/експерти кои директно работат со лица со попреченост.
Дигитална инклузија (е-инклузија, е-вклучување) се однесува на ефективно учество на сите лица во секој аспект на општествениот живот преку користење на информациско-комуникациските технологии.
Целта е да се отстранат бариерите што создаваат непотребни напори и раздвојување и им овозможува на сите да учествуваат подеднакво, самоуверено и самостојно во секојдневните активности, образованието и пазарот на трудот.
Првиот Младински предизвик се одржа минатата година и се одвиваше во 16 земји низ светот. Инспирирани, младите иноватори од нашата земја успеаја да развијат прототип-решенија со коишто тие се вклучија како “решавачи” на едно од горливите прашања: Како може да го прекинеме насилството врз и помеѓу децата (#ENDViolence)?
На наше огромно задоволство, тимот Андромета и нивното решение SpeakOut беа наградени како еден од пет глобални победници на предизвикот (заедно со тимови од Пакистан, Тајланд, Зимбабве и Судан)!
Младите луѓе кои сакаат да аплицираат се поттикнуваат да формираат тимови и да поднесат апликација [линк до апликација: skrati.mk/GenU2019 , помош за пополнување на апликацијата може да побарате на info@innovationlab.mk или на 078/434-236, Александар.]
Широк сет на знаења, вештини, работни навики, важни и применливи во академски области како и во образовната, професионалната и граѓанската средина. Овие вештини вклучуваат решавање на проблеми, аналитичко размислување, креативно размислување, истражувачки вештини, комуникациски и лидерски вештини, упорност, граѓанска свест итн.
Да, храна и пијалаци ќе бидат обезбедени за сите учесници. Сместување ќе биде обезбедено за учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје.
Македонски јазик.
Да се развијат идеи кои:
5те најуспешни тима (2 тима од возрасната група од 14 до 18 години, и 3 тима од возрасната група од 19 до 24 години) ќе добијат по 1000 долари финансирање за развој на идејата, менторска поддршка, пристап до технологија, место за работа, поврзување со експерти и институции согласно потребата. Целта на периодот на поддршка и менторирање е обезбедување на средина во која тимовите ќе може да ги тестират и потврдат своите решенија.
или поставете ни прашање на info@innovationlab.mk
На младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019„ нашиот тим Нешто...
Здраво, ние сме eBionics, еден од тимовите – победници на Generation...
Тимовите “Bionic”, “Mind Benders” и третиот, почесен тим “Нешто Нетипично”...
Одбрани два тима победници во предизвикот за млади кои продолжуваат во...
Избрани пет тима кои ќе ја реализираат својата идеја и ќе продолжат на...
Трансформацијата на едни навидум обични идеи во реални и видниви прототип...
На 24 и 25 октомври, во Magenta Room (Телеком Македонија) се одржаа...
Запознајте се со пет паметни тинејџери од Северна Македонија кои стојат...
As you probably already know from our previous blog, Generation Unlimited...
The adventure begins!Wondering what Generation Unlimited Youth...