Рефлексија на искуството до сега: тим Нешто Нетипично

На младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019„ нашиот тим Нешто нетипично го освои почесното трето место. Така ние добивме уште простор да го развиваме Walkiie како концепт и како апликација. Она што на сите ни е познато е тоа што се случи со вирусот КОВИД – 19, па затоа ние имавме мала можност да ја тестираме додека бевме на кампување. “Кампуваме заедно” беше огранизирано од Центар за младински активизам КРИК кој ни овозможи со присутните членови во кој кампува и лица со попреченост и лица со типичен развој да ја тестираме.  Добивме неколку пофалби, критики и предлози како да ја подобриме апликацијата. Бидејќи немавме друг начин пак да ја тестираме, наместо тоа осмисливме друг концепт – онлајн работилници на кои лицата со попреченост се запознаваат со волонтерите, се со цел да стекнат поголема доверба и поддршка меѓу себе, за подоцна кога Walkiie ќе функционира според својата прва замисла, тие веќе се познаваат и си веруваат.

Во оваа фаза од ние можеме да кажеме дека сме многу горди на нашите успеси, а особено на тоа дека добивме почесно признание од претседателот на Северна Македонија Н.Е Стево Пендаровски, кој ни посака многу успех понатаму во нашата работа. Особено сме среќни за онлајн работилниците кои ги имаме, каде што видовме многу нови млади лица, каде што попреченоста не претставуваше никаков проблем, но и на последните две работилници каде за прв пат се видовме во живо, почитувајќи ги сите мерки.

Ние едвај чекаме да се опоравиме од вирусот, за потоа да продолжиме со нашите активности, бидејќи така ни е на сите најубаво и кога сме заедно сме посреќни. До тогаш може да не следите на нашите социјални мрежи, а доколку сакате да се вклучите како волонтер или корисник може да не контактирате, ние со радост ќе ви одговориме, бидејќи заедно сме повеќе, заедно сме посилни!

Read More
GenUnlimited октомври 12, 2020 0 Коментари

Рефлексија на искуството до сега: тим “Bionic”

Здраво, ние сме eBionics, еден од тимовите – победници на Generation Unlimited младинскиот предизвик. Можеби имате слушнато за нас и за нашиот продукт – 3Д печатена бионичка рака, па додека ние работиме на ново подобрување на бионичката рака, би сакале да направиме кратка рефлексија на нашето искуство досега! Приказната на eBionics започна во декември минатата година, пред првата работилница на предизвикот. За нас беше многу важно тимот да биде составен од членови кои меѓусебно се познаваат и имаат комуникација и надвор од училиште, а исто така и секој член однапред да ја знае својата задача. Тоа беше и главна причина што дојдовме до нашата идеја. Нашата цел на работилницата беше да ги убедиме сите дека идејата нема да остане само на тоа, туку дека ние ќе ја направиме реалност, што и навистина се случи во тие 3 дена. Иако во оваа фаза беше потребна само идејата, ние сакавме да го покажеме потенцијалот на овој проект уште од почетокот.

 

Во еден момент, тензијата и нервозата при работата се претворија во задоволство и изненаденост – дури и од наша страна. Очекувано, прототипот беше далеку од тоа што го имаме денес, но најважно беше да покажеме дека замислата на дело навистина работи. Во овие 9 месеци, успеавме да направиме нова верзија и ја зголемивме функционалноста на бионичката рака иако го скративме процесот на склопување од 7 часа на само 1 час. Имаме и наша веб-страна, на која што можат да се пронајдат сите информации потребни за секој, секаде да може да ја склопи нашата бионичка рака, како и профили на социјалните мрежи, каде што секогаш ги објавуваме најинтересните моменти од нашата работа. Моментално, работиме на уште една верзија на раката, за која очекуваме дека ќе функционира уште посоцистифирано, а корисниците веднаш би се навикнале на неа. Би ви препорачале да не следите на Фејзбук и Инстаграм, како и да се приклучите на нашата Фејзбук заедница – таму со сигурност ќе ги добиете сите новости поврзани со нашето искуство и работа, чиј дел сте и самите вие!

Read More
GenUnlimited октомври 7, 2020 0 Коментари

Приказната продолжува: нови чекори за победничките тимови на Младинскиот предизвик 2019/20

Тимовите “Bionic”, “Mind Benders” и третиот, почесен тим “Нешто Нетипично” кои освоија дополнителна финансиска поддршка од локалните организатори на предизвикот за млади “Генерација без граници”, продолжуваат да работат на нивните иновативни решенија за дигитална инклузија на децата и младите со попреченост во образованието и општествените активности.

Победниците на локалниот натпревар ги надградуваат нивните проекти со поддршка од експерт консултанти од повеќе области за да обезбедат постојан и одржлив развој. Тимот “Нешто Нетипично”, со цел адаптирање на новите услови ги започна подготовките за ставање во функција на нова платформа во поддршка на нивната мобилна апликација “Walkiie”. Преку оваа платформа, родителите заедно со децата и младите со попреченост ќе можат да учествуваат во креативни работилници со волонтери, според претходно-определна агенда и временски термини. Ваквите групни он-лајн активности прилагодени за домашни услови даваат можност за креативно изразување, стекнување нови вештини и нови пријатели!

 

Првите чекори кон усовршување на нивното решение ги направија и тимот “Bionic” кои покрај подготовката на нова верзија од 3Д печатената рачна протеза, посветено работат на креирање на одржлив модел на нивниот проект и планирање на долгорочните цели. 

Тимот зад решението “Digital Menu”, мобилна апликација која нуди прилагоден, инклузивен пристап до дигитализирани менија на локалните угостителски објекти, тимот “Mind Benders” работи на унапредување на функционалностите на апликацијата, но и лансирање на он-лајн веб решение за крајните корисници од угостителскиот сектор, со цел ефективно одржување на постојните и идни бази.

Бидете дел од активностите кои следат и поддржете ги младинските иницијативи! 

 

Следете ги победничките тимови на нивните социјални медиуми на следните линкови: 

Тим “Нешто Нетипично”: 

Facebook 

Instagram 

Тим “Bionic”:

Facebook 

Instagram 

Тим “Mind Benders”:

Facebook 

Instagram

Generation Unlimited – Младинскиот предизвик 2019/20 е организиран од страна на УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонија, имплементиран е од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје и е локално поддржан од Сојузот на извидници на Македонија.

Read More

Со помош на дигиталната технологија до подобро утре – Одбрани победниците на Generation Unlimited

Одбрани два тима победници во предизвикот за млади кои продолжуваат во глобалниот избирачки процес

Во финалето на локалниот предизвик за млади – Generation Unlimited кое се одржа на 6 мај 2020 во форма на онлајн настан, тимовите финалисти ги презентираа нивните продукти и развојот во фазата на инкубација. Со цел идентификување дигитални решенија кои директно ги адресираат постоечките потреби и предизвици на децата и младите со попреченост беа одбрани два тима чиишто проекти ќе бидат поднесени во глобалниот избирачки процес каде ќе ја имаат можноста овие проекти да ги развијат на светско ниво!

Од петте финалисти, како национални победници кои докажаа најголем потенцијал за развој и влијание се одбрани тимовите „Bionic“  и „Mind Benders“. Тие во периодот кој претстои ќе им се придружат на останатите тимови ширум светот во глобалниот натпревар.

Нивниот труд и вложеност беше препознаен од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија и во таа насока, овие два тима ќе добијат финансиска поддршка во висина од две илјади американски долари за секој тим со цел успешно доразвивање и прогресирање во понатамошниот тек на предизвикот.

Дополнително, поради постигнатите резултати беше одбран и еден почесен тим, тимот „Нешто Нетипично“ кој ќе добие локална финансиска поддршка во висина од илјада американски долари за имплементација за своето решение.

Младинскиот предизвик оваа година се одвива во 41 земја во светот, а кај нас 45 млади индивидуалци во вкупно 10 тимови учествуваа со нивните иновативни идеи кои понудија одговор на предизвикот: “Како може дигиталната технологија да допринесе за поактивно вклучување на децата и младите со попреченост во образованието и во секојдневниот живот?”.

Овие тимови со помош на ресурсите на предизвикот, нивните посветени ментори како и достапните експерти од различни области таргетираа потреби врз основа на кои од идеја развија прототип – продукти на темата „Дигитална инклузија”. 

Целокупниот процес до завршниот настан траеше 8 месеци и опфати повеќе фази на развој од кои последната, фазата на инкубација им даде можност на пет тимови финалисти да ги имплементираат нивните проекти во локалната заедница со помош на менторска и почетна финансиска инвестиција во времетраење од 3 месеци. Завршниот настан ја отслика напорната работа на тимовите финалисти и го покажа вистинскиот потенцијал на младите во земјата!

Ни претставува огромна чест што во овој предизвик, гласот на младите луѓе со визија за подобро утре е слушнат и отпоздравен од повеќе страни. Претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски со свое официјално обраќање им понуди поддршка и инспирација на тимовите финалисти на завршниот настан.

Ни претставува огромно задоволство што учество во овој предизвик земаа и истакнатите членови на жири комисијата, реномирани професионалци со долгогодишно искуство во областа на инклузија, дигитални технологии, одржливост и развој на бизнис.

Линк до видео од целиот завршен настан може да најдете на: https://youtu.be/SwZqRNY85UE

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дознајтe повеќе за победничките тимови и нивните продукти на социјалните медиуми: 

„Bionic“:  https://www.facebook.com/eBionics/

„Mind Benders“: https://www.facebook.com/Digital-Menu-101921754716032/

„Нешто Нетипично“: https://www.facebook.com/walkiieapp/

 

Generation Unlimited – Младинскиот предизвик 2019/20 е организиран од страна на УНИЦЕФ во партнерство со Фондацијата Телеком за Македонија, имплементиран е од страна на СмартАп – Лабораторија за социјални иновации Скопје и е локално поддржан од Сојузот на извидници на Македонија.

Read More

Млади иноватори креираа дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост

Избрани пет тима кои ќе ја реализираат својата идеја и ќе продолжат на вториот глобален Generation Unlimited младински предизвик

 

Скопје 16.12.2019 година: Викендов, се одржаа тридневни design thinking работилници на кои педесетина млади иноватори од нашата земја работеа на нивните дигитални решенија за премостување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и секојдневниот живот. Овој младински предизвик е дел од партнерството на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ за намалување на дигиталниот јаз и користење на технологијата за еднаква вклученост на децата и лицата со попреченост во дигиталното општество.

 „Истражувањата покажуваат дека децата со попреченост имаат подобар образовен и социјален успех кога учат рамо до рамо со своите врсници во редовните училишта. Исто така, истражувањата велат дека вклучувањето на децата со попреченост им помага на сите деца во училницата да научат што е емпатија, праведност, соработка и солидарност, а дека, пак, со овие вредности, се подобруваат оценките и училишните резултати“, изјави Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Тимовите на возраст од 14 до 24 години, креираа иновативни решенија како: бионичка рака и паметна инвалидска количка, па сѐ до мобилни апликации за подобра комуникација и учење. Беа избрани пет тима кои добија финансиски средства и дополнителна менторска поддршка за развивање на своите идеи.

„Најголемиот предизвик на нашето време не е како да изградиме дигитално општество, туку како да изградиме фер дигитално општество, каде ќе има место за сите, без исклучок. Најдобриот начин да направиме чекор напред е да ги поттикнеме младите да креираат решенија и да ја користат технологијата како алатка која треба да им служи на луѓето. Сите тимови кои беа дел од овој младински предизвик покажаа дека само треба да им се даде ‘ветер в грб’ на младите за да можат да ги поместат границите“ – изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Во јуни 2020 г., две финални решенија од земјата ќе конкурираат на светско ниво. Овие решенија ќе имаат шанса за дополнителни средства во износ до 20.000 долари, заедно со глобална програма за инкубација од партнерите на Generation Unlimited. „Младинскиот предизвик – дигитална инклузија“ на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се реализира со Smart Up со поддршка од Македонскиот извиднички сојуз.

  

Повеќе за тимовите и нивните идеи:

  1. Bionic Team (Бионички тим): Роботска рака со достапна цена која ги чита мускулните сензори и им помага на луѓето без екстремитети во секојдневниот живот; развиен со отворен код и 3Д-печатач, моделот чини меѓу 150 и 200 долари.
  2. Mind Benders (Распаметувачи): Дигитално ресторанско мени инклузивно и достапно за сите, развиено со помош на принципите за универзален дизајн. Во апликацијата се собрани менија од ресторани, при што се претставени во различни формати, прилагодени за различни  нарушувања на видот, слухот, дислексија, интелектуална попреченост. Употребената технологија може да се користи за подобрување на достапноста на информациите во други сектори, вклучувајќи ги образованието и здравството.
  3. Zero to Hero (Од ништо до нешто): Паметна инвалидска количка, која се управува со контрола на очите и има сензори за следење на физичката состојба на корисникот, како и сензори за детектирање предмети.
  4. PortComSign (ПортКомСајн): Апликација која го претвора говорниот јазик во знаковен и обратно.
  5. Something Unordinary (Нешто необично): Мобилна апликација Еден + Еден која поврзува волонтери со семејствата на деца и млади со интелектуална попреченост. Преку оваа апликација семејствата ќе можат да најдат волонтер да организираат социјални активности за своите деца.

Повеќе за Generation Unlimited

Глобалниот младински предизвик Generation Unlimited 2019/2020 – година се одвива во 40 земји во светот, меѓу кои е и нашата: https://genunlimited.innovationlab.mk/. Отворениот повик ги повикува младите да креираат решенија со кои ќе се поддржат трите главни столба на Generation Unlimited: средно образование; вештини за учење, вработување и работа и работно оспособување. Во земјава, младите беа поканети да понудат иновативни одговори на прашањето „Како може дигиталната технологија да придонесе кон поактивно вклучување на децата и младите во образованието и во секојдневниот живот?“

Оваа вест е преземена од УНИЦЕФ МК и истата е достапна на следниов линк.

Read More
Смарт АП јануари 8, 2020 0 Коментари

Десетте тимови учесници во младинскиот предизвик ги преточија своите идеи во прототип решенија за #дигитална #инклузија

Трансформацијата на едни навидум обични идеи во реални и видниви прототип решенија на тема #дигитална #инклузија во склоп на овогодинешниот предизвик за млади Generation Unlimited беше реализирана на главната три-дневна работилница за ко-креирање – Bootcamp, која се одржа на 13, 14 и 15 декемри.

Десетте тимови учесници кои претходно на пред-работилниците се запознаа со методот на работа design thinking и во текот на следните две недели изготвија теренско истражување за да ги поткрепат своите идејни решенија, на главната работилница успеаја со помош од фасилитаторот и менторите на предизвикот да оформат прототип кој го претставија пред жири комисијата со цел да бидат одбрани како едни од 5те тимови кои ќе продолжат во процесот на инкубација на нивното решение.

Над 40 млади го поминаа својот викенд во просториите на Македонски Телеком и напорно работеа да дизајнираат решенија кои ќе ги адресираат потребите на децата и младите со попреченост, се со цел да обезбедат нивно самостојно, еднакво и самоуверено учество во општествените активности. Така, тие дојдоа до најразлични концепти: паметна инвалидска количка, бионичка рака која може секој поединец сам да ја испечати со помош на 3Д печатач, бројни апликации за помош при секојдневното учество во образовните институции, движење низ јавниот простор и платформи кои допринесуваат кон целосно инклузивно општество за сите!

Read More
Смарт АП јануари 8, 2020 0 Коментари